• Saturday, 19 October 2024

Без вода дел од  ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини

Без вода дел од  ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - РЦУК информира дека без вода утрово од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од  ул. „Васил Стефановски“ 16. Прекинот ќе биде поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм и ќе трае до завршување на работните активности.

Без струја во одреден период од денот ќе бидат делови од неколку скопски општини.

Поради планирани прекини без електрична енергија ќе бидат:

-Во период од 09,00ч до 15.00ч дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево (општина Зелениково)

- Во период од 09.00ч до 12.00ч дел од корисниците од с.Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).

-Во период од 09.00ч до 14.00ч во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром) мч/вг/

фото: МИА архива

 
 

You May Also Like