Проф. д-р Цветанова за МИА: Новата книга за Мисирков ги оспорува тврдењата дека ние сме измислена нација, ние не сме творба од 1945 (видео)
- Крсте Петков Мисирков го стандардизира македонскиот јазик уште во 1903 година, тој не го измислува македонскиот јазик, ја прави научно аргументираната основа за формирање македонски литературен јазик и македонскиот стандардизиран јазик ја следи буквално истата методологија како кај сите други европски јазици. Значи, оваа книга само нè потсетува дека ние имаме многу подалечни корени и во извесна смисла дава научна аргументација и ги оспорува тврдењата дека ние сме измислена нација, а нашиот јазик е измислен по Втората светска војна, вели во интервју за МИА проф. д-р Ганка Цветанова, која неодамна ја издаде книгата - монографија „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“. Цветанова, професор на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, нагласува дека ние имаме континуитет и не сме творба од 1945 година, по Втората светска војна, како што некои сакаат да нè претстават.
You need to login to view this page en