• Wednesday, 08 January 2025

Баро: Условите во кои се притворени француските граѓани во Иран наликуваат на тортура

Баро: Условите во кои се притворени француските граѓани во Иран наликуваат на тортура

Пaриз, 7 јануари 2025 (МИА) - Ситуацијата со тројцата француски државјани приведени во Иран се влошува, а некои од нив се во услови кои наликуваат на тортура, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

 „Ситуацијата на нашите сограѓани кои се притворени во Иран е едноставно неприфатлива.

Тие се неправедно затворени неколку години, во услови кои се дефиниција за тортура според меѓународното право“, рече Баро на конференцијата на француските амбасадор.

Тој додаде дека идните односи со Иран и евентуалното укинување на санкциите ќе зависат од нивното ослободување.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека Иран е „голем стратешки и безбедносен предизвик“ за Франција и Европа, бидејќи сè повеќе се приближува до точката од која нема враќање во својата нуклеарна програма. рп/

Фото: ЕПА