• Sunday, 22 March 2026

„Ај медија“: Немаме соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ

„Ај медија“: Немаме соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ

Скопје, 22 март 2026 (МИА) - ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) преку соопштение ги демантира информациите објавени во медиумите во кои се споменува како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

„Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници. Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ. Сите тврдења за 'штанцање лажни соопштенија', 'центар за лаги' или 'надворешна ПР машинерија' се целосно невистинити, се вели во соопштението од „Ај медија“.

Додаваат дека немаат „никаква врска со Зоран Башановиќ“. „Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него“, велат од „Ај медија“.

„Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи. Работиме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава. Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, се додава во соопштението на агенцијата. вј/паг/

Фото: Принтскрин

You May Also Like