• Tuesday, 01 October 2024

Артета: Ќе ни биде тешко против ПСЖ, овој тим секогаш доминира на теренот

Артета: Ќе ни биде тешко против ПСЖ, овој тим секогаш доминира на теренот

Лондон, 1 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за тоа што очекува од натпреварот од 2. коло во  Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен.

- Форматот на турнирот се промени оваа сезона, а нивото на противниците е веројатно највисоко во Европа. Одлична можност да се изразите. Ќе ни биде тешко против ПСЖ. Овој тим секогаш доминира на теренот и јасно ги кажува своите намери. Кога ПСЖ ја нема топката, тие се обидуваат веднаш да ја вратат, вршат притисок по целиот терен. Ова е фудбалот на Луис Енрике, тој секогаш бара од неговите тимови да се однесуваат вака, изјави Артета за сајтот на УЕФА.

Натпреварот меѓу Арсенал и ПСЖ ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА