• Sunday, 20 October 2024

Арслани од ДУИ: „Вреди“ без двоумење уништуваа се што беше постигнато со голема тешкотија во здравство

Арслани од ДУИ: „Вреди“ без двоумење уништуваа се што беше постигнато со голема тешкотија во здравство

Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Арменд Арслани, член на високото раководство на Демократската унија за интеграција на денешната прес-конференција обвини дека „Вреди“ за 100 дена ги демолирале и продолжуват да ги демолират се што било постигнато во здравството.

-Со многу напорна работа и голема пожртвуваност успеавме да создадеме здравствени кадри од сите профили (медицински техничар, медицински сестри, доктори специјалисти, доктори на науки, универзитетски професори), од трудот на албанците тие најдоа здравство со застапеност во сите нивоа, раководители на многу здравствени институции, кадри докажани меѓународно, рече тој.  

Арслани нагласи дека додека ДУИ биле на власт, Албанците раководеле со над 50 здравствени институции, додека, како што рече, денес во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - Скопје од 34 универзитетски клиники, само три клиники ги водат албански медицински директори. 

-Со тоа се омаловажени над 100 албански специјалисти докажани во нивниот професионален ангажман како во давање услуги во здравствената заштита така и во едукација на нови кадри. Тоа се кадри докажани на меѓународно поле со научни трудови, имплементација на нови методи во различни области на медицината. Денес овие професионалци не го заслужуваат ова деградирање и омаловажување за овие 100 дена Влада. Кога нашите соседни земји ќе се отворат за имплементација на иновативни технологии, роботска технологија, вештачка интелегенција, ние се соочуваме со деалбанизација на здравствените установи за 100 дена владеење, рече тој. 

Арслани потенцира дека ДУИ предлага итно министерот за здравство Арбен Таравари да ја повлече одлуката за прекин на сите конкурси објавени за вработување на 1117 здравствени работници, одлука која била одобрена од претходната Влада, исто така промовирана како големо достигнување на поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити.

-Исто така, предлагаме со „заштедените“ средства од разрешувањето на организационите директори да се предвидат вработување на сите приватни специјалисти. Предлагаме да се ​​почитува Колективниот договор за зголемување на платите. Предлагаме министерот за здравство да биде ажуриран со информации за стратешките програми, стратешките планови за постојното здравство кои се одобрени и од европските комисии. Да не се формираат непотребни комисии за залажување и замолчување на незадоволните гласови, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање за коментар за починатото 14-месечното бебе, Арслани истакна дека надлежните институции треба да ги преземаат сите мерки и активности за расчистување на овој случај. Потенцира дека од морални прилини, одговорните лица треба да дадат оставка. фф/нд/

Фото: МИА