• e hënë, 07 tetor 2024

Јувентус го прими првиот гол сезонава во Серија А и пропушти победа над Каљари

Јувентус го прими првиот гол сезонава во Серија А и пропушти победа над Каљари

Торино, 6 октомври 2024 (МИА) - Јувентус денес одигра нерешено 1:1 на домашен терен со Каљари во натпреварот од 7. коло на италијанската Серија А.

Душан Влаховиќ во 15. минута од пенал го отвори резултатот. Гостите успеаја да израмнат во 88. минута, исто така реализирајќи пенал преку Разван Марин.

Во 89. минута торинскиот тим остана со фудбалер помалку по вториот жолт картон на Франциско Консеикао.

Јувентус кој го прими првиот гол во актуелната Серија А има 13 бода и се наоѓа на третото место во поредокот. Каљари со шест бода е на 15. место. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR