ЦУК: Состојбата стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд
- Согласно добиените информации до 12 часот од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици.
- Post By Фатиме Фазљији
- 15:04, 6 dhjetor, 2025
Скопје, 6 декември 2025 (МИА) - Согласно добиените информации до 12 часот од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици.
- Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион - нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион - водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион - нема врнежи. Во Кратово - слаби и повремени врнежи, соопштуваат од ЦУК.
Посочуваат дека сообраќајот на ГП Богородица/Евзони ќе биде блокиран во интервали поради штрајкот на грчките земјоделци, од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот.
УХМР за попладне најавува стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Температурите ќе се движат од 9 до 13 степени, а во Скопје до 12 степени. фф/бак/
Фото: МИА Архива