• e shtunë, 06 dhjetor 2025

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) -  Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК),  Мухамед Али, по покана на Министерството за одбрана, учествувал на завршната сесија од меѓуресорските работилници и штабните вежби за градење национална отпорност, која се одржала во Домот на Армијата, објави денеска ЦУК на својата фејсбук страница.

Во рамки на настанот се одржува тридневната „Работилница за градење на отпорност помеѓу институциите“, организирана од Министерството за одбрана и Институтот за безбедносно раководење од САД, како дел од програмата за цивилно-воена подготвеност.

На настанот, стои во објавата, се обратиле и амбасадорката на САД, Анџела Агелер како и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

- Во своето обраќање, директорот Али истакна дека современите предизвици – од екстремни природни непогоди до хибридни закани – бараат модернизација, дигитализација и засилена меѓусекторска координација. Тој ја нагласи и важноста на примена на севладин пристап, редовни обуки и вежби со цел унапредување на националната и колективната отпорност во рамки на НАТО, се вели во објавата.лв/бак/

фото ЦУК фејсбук 

QËNDRONI TË LIDHUR