• e hënë, 07 tetor 2024

Хаг по ремито со Астон вила: Треба да ја подобриме ефикасноста

Хаг по ремито со Астон вила: Треба да ја подобриме ефикасноста

Бирмингем, 6 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг ги сумираше впечатоците од денешниот натпревар од 7. коло на Премиер лигата против Астон Вила (0:0).

- Ова е четврти меч без голови оваа сезона. Имавме многу добра организација на играта и единство, добар карактер и дух. Создадовме неколку шанси, но не многу. Ја погодивме гредата, Рашфорд можеше да постигне гол. Но, двата тима беа навистина еднакви. Создававме многу шанси во последните натпревари, но треба да ја подобриме ефикасноста, изјави Тен Хаг за „Sky Sports“.

Избраниците на Ерик тен Хаг освоија осум бода и се наоѓаат на 14. место на табелата во Премиер лигата. Астон Вила е на петтото место со 14 бодови.

Манчестер јунајтед во следниот натпревар ќе му гостува на Брентфорд, додека Астон вила на гостински терен ќе ги одмери силите со Фулам. Двете соочувања се закажани за 19 октомври. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR