• e hënë, 07 tetor 2024

Флик: Оваа Барселона е различна од мојот Баерн

Флик: Оваа Барселона е различна од мојот Баерн

Барселона, 6 октомври 2024 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик ги отфрли споредбите меѓу неговиот сегашен тим и Баерн Минхен кога тој ги предводеше Баварците.

Барселона победи на 8 од 9 натпревари во шпанското фудбалско првенство сезонава. Денес го совладаа Алавес (3:0).

Флик одби да прави споредба на Барселона со нивото на неговиот Баерн.

– Не сакам да споредувам тимови. Оваа Барселона се разликува од тој Баерн. Среќен сум, но во фудбалот се може да се промени. Задоволни сме со работата што ја направивме, но треба да се фокусираме на следните предизвици. Има причини зашто не победивме со Осасуна и Монако, но, не сакам да гледам назад. Не го направивме тоа што требаше, што разговаравме. Секогаш е важно да ја подобриме нашата игра, изјави тренерот на Барселона.

Во Ла Лига, Барселона е лидер со 24 бода, три повеќе од Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR