• e martë, 24 shkurt 2026

Финансиска поддршка од Општина Демир Хисар за Здруженија на граѓани и Фондации

Финансиска поддршка од Општина Демир Хисар за Здруженија на граѓани и Фондации

Демир Хисар, 24 февруари 2026 (МИА) - Општина Демир Хисар продолжува со континуирана поддршка и финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и Фондации во областите од надлежност на општината.

Локалната самоуправа годинава обезбеди 170.000 денари за поддршка на тамошните здруженија на граѓани и фондации, а максималниот износ кој може да го добие еден апликант изнесува 30.000 денари.

-За сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10 проценти од вкупната вредност на проектот. Апликантите преку проектот треба да го потврдат значањето на проектот за општината и регионот, да овозможат афирмација на Општина Демир Хисар и да презентираат успешно реализирани претходни проекти од областа за која се однесува предложениот проект, посочуваат од Општина Демир Хисар.

Краен рок за доставување на пријавите е 23 март, информираа од тамошната локална самоуправа. мт/вг/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR