• e enjte, 26 mars 2026

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Најстудено утрово било на Попова Шапка каде биле измерени -4 степени Целзиусови и Берово -1 степен. Најтопло било во Скопје и Велес каде во 7 часот се измерени 6 степени.

Во Маврови Анови температурата била 0 степени, 2 во Охрид, Тетово, Претор, 3 во Крива Паланка, Штип, 4 во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Демир Капија, а 5 степени целзиусови биле измерени во Струмица, Гевгелија и Виница.

Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 58 сантиметри.

Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. сст/са/

Фото МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR