Уапсен шверцер на мигранти, пронајдени шест лица од Египет и Алжир
- Полицијата уапси жител на Турција, кој превезувал шест мигранти, по тројца од Египет и Алжир, соошти денеска МВР.
Куманово, 24 февруари 2026 (МИА) - Полицијата уапси жител на Турција, кој превезувал шест мигранти, по тројца од Египет и Алжир, соошти денеска МВР.
- Вчера, околу 21.30 часот. на бензинска пумпа на автопатот Скопје - Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О. К. (33) од Турција затоа што со возило „шкода“, со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир - соопшти МВР.
Претходно, како што наведуваат на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземените мерки, возилото е пронајдено.
О. К. бил лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. ам/вг/
Фото МВР