• e premte, 10 janar 2025

Тренерот на Евертон поднесе оставка

Тренерот на Евертон поднесе оставка

Ливерпул, 9 јануари 2025 (МИА) – Премиерлигашот Евертон денес објави за оставката на тренерот Шон Дајч. Заедно со него клубот го напушти и неговиот стручен штаб.

Лејтон Бејнс, кој раководеше со тимот на „Карамелите“ до 18 години, е назначен за привремен главен тренер.

- Процесот за назначување нов менаџер е веќе во тек и за тоа ќе ве информираме во догледно време, се вели во соопштението на клубот.

Педесет и тригодишниот Дајч е на чело на Евертон од јануари 2023 година. За тоа време, клубот од Ливерпул одигра 83 натпревари, забележа 26 победи, 24 нерешени и 33 порази. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR