Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото
- Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза и дека нема сторено никакво кривично дело. Добро е, ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние обвинувања кои што како такви ги доставивме до Јавното обвинителство, кое отвори истрага и добро е да секој еден којшто е соочен со лицето на правдата да го докаже тоа во содветна процесна постапка, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.
Скопје, 22 декември 2024 (МИА) –Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза и дека нема сторено никакво кривично дело. Добро е, ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние обвинувања кои што како такви ги доставивме до Јавното обвинителство, кое отвори истрага и добро е да секој еден којшто е соочен со лицето на правдата да го докаже тоа во содветна процесна постапка, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.
Во врска со изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, Тошковски рече „не би сакал да шпекулира каде се наоѓа лицето, битно е дека спроведена е истрага против службеникот од гранична контрола којшто сторил кардинална грешка при неговото постапување и за истиот е донесено решение за суспензија и поднесена е кривична пријава за несовесно работење во служба“.
– Во однос на директната вина што предизвикала ваква штетна последица, за лице на стоп листа, кое не било задржано и не биле известени органите, кривична пријава е поднесено против службеникот којшто работил во рамки на граничната полиција. Во однос на се останато поврзано со одредени сомненија дека не станув збор за несовесно работење во служба, туку друг тип на кривично дело, во овој момент не би сакал да говорам во детали, би ве пренасочил во рамки на Јавното обвинителство, бидејќи тоа е тоа по кое ние постапуваме по директна наредба. Одземени се мобилни телефони, се вршат одредени разговори, во овој момент не би сакал да споделувам повеќе детали, рече Тошковски.
Добро е, додаде, што Демократската унија за интеграција се огради од „бегалецот од правдата“.
– Се надевам дека во иднина ќе се оградуваат од сите оние бегалци од правдата, ако ги има такви, кои што наместо да се соочат со она кое што душмански го краделе македонскиот народ во минатото, соодветно во рамки на една процесна правда, ги охрабрувам да се оградуваат од сите оние потенцијални криминалци за кои што во соодветна постапка треба да се докаже дека душмански го краделе македонскиот народ, но лошо е кога се обидуваат да ја манипулираат јавноста, рече Тошковски. ра/нд/
Фото: Принтскрин