• e hënë, 07 tetor 2024

Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје

Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје

Белград, 6 октомври 2024 (МИА) - Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ утре со владина делегација ќе ја посети Република Северна Македонија каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицковски, а ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од Владата на Р. Србија, српскиот премеир ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Владата на Северна Македонија, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ.

По средбата на двата премиера, предвидена е средба на делегациите на Владата на Северна Македонија и Владата на Република Србија. Потоа ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот помеѓу Министерството за рударство и енергетика на Република Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија.

Предвидени се и изјави за медиумите на премиерите Вучевиќ и Мицкоски.

Како што соопштија од Владата на Р. Србија, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе има обраќање и на собирот на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Северна Македонија. об/мд/

 

QËNDRONI TË LIDHUR