Состојба на патиштата
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.
- Post By Ана Цветковска
- 07:38, 25 mars, 2026
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. ац/
Фото: МИА архива