Се уредува комплексот УЗУС во Велес
- Уредувањето на комплекс УЗУС е во тек, а моментално се уредува просторот околу партер зградите во комплексот. Граѓаните на овој дел од Велес ќе добијат ново, модерно и функционално катче опремено со урбана опрема, детски реквизити, зелени озаи за одмор и рекреација за сите посетители, информираат од Општина Велес.
Велес, 3 октомври 2024 (МИА) - Уредувањето на комплекс УЗУС е во тек, а моментално се уредува просторот околу партер зградите во комплексот. Граѓаните на овој дел од Велес ќе добијат ново, модерно и функционално катче опремено со урбана опрема, детски реквизити, зелени озаи за одмор и рекреација за сите посетители, информираат од Општина Велес.
Проектот се реализира со финансиски средства од буџетот на Општина Велес во соработка со Бирото за регионален развој.ад/
Фото: МИА