Се реконструира инфраструктурата кон штипската бања Кежовица
- Почна асфалтирањето на улицата „Кежовица“, веднаш позади бањата во штипско Ново Село. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека жителите и останатите корисници на бањата и физикалната терапија, од денеска добиваат подобра пристапност. Но, она што дополнително е превидено овде е да се гради нов мост на реката Брегалница, кој ќе ја поврзува новата обиколницата со викенд населбата Плуждино.
Штип, 17 март 2026 (МИА) - Почна асфалтирањето на улицата „Кежовица“, веднаш позади бањата во штипско Ново Село. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека жителите и останатите корисници на бањата и физикалната терапија, од денеска добиваат подобра пристапност. Но, она што дополнително е превидено овде е да се гради нов мост на реката Брегалница, кој ќе ја поврзува новата обиколницата со викенд населбата Плуждино. Јорданов денеска најави и изградба на нов парк,во оваа зона на површина од 10 000 мметри квадратни, како и изградба на нови спортски терени.
-Тоа кое што се работи во моментот е предвидено согласно Програмата за уредување на градежно земјиште, изнесува повеќе од еден милион денари, средства од парите на граѓаните. Сакам да најавам дека овде на оваа зона во иднина ќе се случуваат многу активности, затоа што предвидено е да се прави нов парк на површина од 10 000 метри квадратни, веднаш до кејот на реката Брегалница-рече Јорданов.
Тој посочи дека Општината со изготовка на нов Детален урбанистички план (ДУП) создава можности и за изградба на спа центар, кој што ќе додаде вредност во градот.
-Да се започне со изградба на спортски терени на фудбалското изгралиште Кежовица, на терени за тенис, за многу други содржини, картинг, кој исто така се предвидува во неспоредна близина да биде изграден. Така да овој дел пополека, но сигурно ќе се урбанизира и ќе биде навистина едно место кое што ќе додаде вредност во нашиот град. Дополнително тенденцијата на локалната самоуправа е овде да се изгради еден спа центар, но сите овие активности се во нашите планови, кои во наредните години очекувам да бидат реализирани. Чекор по чекор активностите ги приближуваме кон крајната цел, ова е само почеток-изјави Јорданов. вдј/
Фото: МИА