• e mërkurë, 25 shkurt 2026

СДСМ: Да се прифатат предложените законски измени за минимална плата од 600 евра

СДСМ: Да се прифатат предложените законски измени за минимална плата од 600 евра

24 февруари 2026 

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. 

Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата.

Дефокусот не го полни фрижидерот. 

Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. 

Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари...

Повеќе не можете така да поминувате.

На сите им е сè јасно.

План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето.

Дајте им на работниците она што го заслужуваат за пристоен живот.

Бадијала ви се 40 % од медиумите во сопственост на Орбан - гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит.

Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендери за друга, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милион евра тендер за фирма на ЗНАМ преку „Пошта“.... вашите тендер-томболи мора да запрат.

Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај.

Вашите црни кампањи, таканаречени новинари, како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите „Алфа/Алта“ мрежи не може да го запрат незадоволството кај народот.

Прифатете го законот поради работниците - доста беше од вашите игри.

Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно - сите ќе одговарате!

Правдата ќе победи.

фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR