• e hënë, 07 tetor 2024

Реал покажа колку е голем, го продолжи договорот со Карвахал по тешката повреда

Реал покажа колку е голем, го продолжи договорот со Карвахал по тешката повреда

Мадрид, 6 октомври 2024 (МИА) - Реал Мадрид објави продолжување на договорот со дефанзивецот Дани Карвахал.

Ова информација се појави на официјалниот сајт на мадридскиот тим кој покажа големина. Новиот договор на 32-годишниот Шпанец е до летото 2026 година. Претходниот договор на дефанзивецот истекуваше на крајот од сезоната 2024/25.

Карвахал вчеравечер се повреди на натпреварот против Виљареал (2:0) во 9. коло од шпанската Ла Лига.

Клубот информира дека на фудбалерот му се  дијагностицирани скинати предни вкрстени лигаменти, скинати надворешни колатерални лигаменти и скинат тетива на десното коло. Тој ќе го пропушти остатокот од сезоната. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR