• e hënë, 07 tetor 2024

Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци

Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода Л.К.(51) од кавадаречкото село Ваташа затоа што при преглед во неговото патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени бела прашкаста материја и стаклен предмет.

Како што соопшти МВР, Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци  бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, стаклен предмет со остатоци од бела прашкаста материја и  дигитална вага.

По документирање на настанот против Л.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/сст/

Фото: МИА архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR