• e mërkurë, 27 nëntor 2024

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за  недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера во 17 часот во Охрид го лишиле од слобода охриѓанецот И.Д.(48).

Како што информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/ев/

фото МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR