Предлог-одлуката за именување директор на Агенцијата за пристап до информациите пред матичната комисија
- Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е предлог-одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
- Post By Фатиме Фазљији
- 07:15, 25 mars, 2026
Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е предлог-одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата - Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи откако тогаш на претходната директорка на Агенцијата, Пламенка Бојчева, ѝ завршил мандатот.
Агенцијата е останата и без заменик-директор бидејќи претходниот Бљерим Исени на последните локални избори беше избран за советник во Советот на Општина Куманово.
Собраниската Комисија за избори и именувања во јануари годинава поништи еден оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за пристап до информациите од јавен карактер бидејќи на огласот беа пријавени само двајца кандидати, кои не доставиле комплетна документација. фф/ац/
Фото: МИА Архива