Постапка за одземање имунитет на пратеник може да биде иницирана само со официјално барање од надлежен државен орган, информира Кабинетот на Гаши
- Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми. Ова го соопшти денеска Собранието на Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши во врска со новинарските прашања упатени до Собранието на Република Северна Македонија - дали ќе се преземат какви било мерки кон пратеникот Сашко Јанчев во однос на неговиот пратенички имунитет.
You need to login to view this page