• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Песков: Русија е арктичка држава и ние сме отворени за соработка

Песков: Русија е арктичка држава и ние сме отворени за соработка

Москва, 4 февруари 2026 (МИА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е подготвена за соработка на Арктикот.

- Русија е арктичка земја, за разлика од повеќето земји на Европската Унија, и е отворена за соработка на Арктикот. Тоа е наш регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји од ЕУ, но сме отворени за соработка и заедничко дејствување. Ако политиката на ЕУ е насочена кон соработка на Арктикот, Русија ќе ја поздрави, наведе Песков.

Тој го предупреди Брисел дека политиката на конфронтација за Арктикот не би имала позитивен ефект.

- Ако претставниците на ЕУ имаат на ум нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Меѓутоа, ако размислуваат за конфронтација, која во моментов е многу присутна во Брисел, тогаш тешко можеме да го поздравиме тоа и малку е веројатно дека ќе има некаков позитивен ефект, истакна Песков.

Тој нагласи дека Русија има големи интереси на Арктикот, кои ќе ги брани со целиот арсенал на меѓународното право. ми/сд/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR