• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Оформен предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Оформен предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн, кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научноистражувачки цели во САД.

Имајќи ја предвид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, како што информираат од Јавното обвинителство, оформен е предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

- Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое треба да преземе дејства на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи во насока на утврдување евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности - информираат од Обвинителството. аа/вј/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR