Општина Крива Паланка објави повик за финансиска поддршка нa проекти за заштита на животната средина и локален економски развој
- Со средства од буџетот на Општина Крива Паланка годинава ќе бидат финансирани проекти за заштита на животната средина и локален економски развој. Јавниот повик е објавен, а вкупната сума што им стои на располагање на апликантите изнесува 300.000 денари.
Крива Паланка, 24 февруари 2026,( МИА)- Со средства од буџетот на Општина Крива Паланка годинава ќе бидат финансирани проекти за заштита на животната средина и локален економски развој. Јавниот повик е објавен, а вкупната сума што им стои на располагање на апликантите изнесува 300.000 денари.
-Во тек е јавниот повик за поднесување пријави за финансиска поддршка за користење средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година, предвидени со програмата за соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2026, што ќе се доделуваат на здруженија и фондации за акциски грантови од областа на заштита на животната средина и локален економски развој. Апликацијата и потребните документи, како и условите и критериумите се достапни на веб-страницата на општината, а максималниот износ на сумата што ќе биде издвоена по проектна активност е 80.000 денари, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Проектите треба да кореспондираат со стратешките и развојни документи на општината, како и да бидат родово - сензитивни.
Во повикот се наведува дека сите проектни активности да ги исполнуваат критериумите и да придонесуваат кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во локалната заедница во соодветната област.
Повикот со комплетната потребна документација за аплицирање е достапен на следниот линк: https://www.krivapalanka.gov.mk/soopstenija/43957
Крајниот рок за поднесување апликации е 23 март 2026 година, а документите треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка. иб/вг/
Фото: МИА Архива