• e hënë, 15 dhjetor 2025

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација.

Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром - Стокхолм - Скопје и Мадрид - Скопје од ноември и Бари - Скопје, Келн - Скопје и Прага - Скопје од декември. 

На настанот денеска, според најавите, ќе присуствуваат генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Виз ер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. бак/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR