• e enjte, 05 shkurt 2026

Одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Скопје, 4 февруари 2026 

Во Општина Илинден беше одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а воедно и 17-от патронен празник на детската градинка што го носи неговото име, стои во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално.

Настанот започна во дворот на централниот објект на градинката, каде беше положено свежо цвеќе пред бистата на патронот. Цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорката на градинката Катерина Бојковска, претставници од Советот на Општина Илинден, директорите на јавните претпријатија, како и други присутни гости.

Одбележувањето продолжи со свечена и внимателно подготвена приредба, на која настапија голем број дечиња. Преку песна и игра, тие достоинствено го одбележаа патрониот празник и ја изразија својата љубов кон татковината.

Градинката „Гоце Делчев“ претставува институција којашто со години е пример за успешно раководење и функционирање, сведоци и најголеми гласници за ова се дечињата коишто секојдневно ја посетуваат и со радост ги прославуваат нејзините успеси. Општина Илинден останува посветена кон континуирана поддршка на културниот и воспитно образовниот процес на нашите најмлади жители.

Фото: Општина Илинден

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR