• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Објавен конкурсот за 12-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Објавен конкурсот за 12-то издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Гостивар, 4 февруари 2026 (МИА) – Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ги објавија конкурсот и пропозициите за учество на годинешното 12. по ред фестиваслко издание. Заинтересираните автори треба да се пријават до крајот на март.

На новото издание на поетската манифестација која се одржува во Гостивар може да учествуваат сите поети од Македонија и балканските земји во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години на слободна тема.

– Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик. За учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик задолжително треба да достават препев на македонски или на англиски јазик. Песните треба да се достават во WORD документ, наведуваат од одборот за организација на фестивалот.

Покрај личните податоци, секој учесник задолжително треба да достави и адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт. Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com.

– Доставените песни ќе ги оценува тричлена жири-комисија која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка. Авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените услови во конкурсот нема да се разгледуваат, појаснуваат од одборот.

Крајниот рок за пријавување е 31-ви март, 2026 год.

Фестивалот „Литературни искри“ годинава се организира по дванаесетти пат, во Гостивар во чест на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Традиционалниот поетски фестивал „Литературни искри“ е поддржан финансиски од Министерството за култура и туризам од областа на манифестации и фестивали како проект од национален интерес во културата за 2026 година. згм/вг/

фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR