• e hënë, 15 dhjetor 2025

Објавен конкурсот за „Роман на годината“ за 2025

Објавен конкурсот за „Роман на годината“ за 2025

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. „Максим Горки“ бр. 18, Скопје) секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com

Од 41 роман кои конкурираат за „Роман на годината“ за 2020-та, жирито во првата селекција избра 18 кои ја продолжуваат трката за престижната награда. 

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата треба да се донесе до 15 март од страна на петчлената жири-комисија и да биде објавена на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели 27-ти пат.

Романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска („Или-или“, 2024) беше лауреат на наградата за 2024 година. бак/

Фото;МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR