Нов маркет на „Лидл“ ќе се гради во Гази Баба
- Германската компанија „Лидл“ продолжува со изградба на маркети низ земјава. Нов маркет ќе биде изграден во скопската населба Гази Баба на улицата „Благоја Стефковски“. Новиот продажен објект ќе се протега на површина од околу 2.500 квадратни метри од кои приближно 1.500 квадратни метри ќе бидат продажен простор. Предвидени се околу 130 паркинг места. Објектот ќе биде изграден според современи стандарди за енергетска ефикасност, функционалност и одржливост, а ќе бидат надминати и оние 20 проценти зеленило кое инвеститорите мораат да го запазат согласно закон.
You need to login to view this page