• e shtunë, 06 dhjetor 2025

Најмалку 50 лица, меѓу кои 33 деца, загинаа во напад на паравоени сили во Судан

Најмалку 50 лица, меѓу кои 33 деца, загинаа во напад на паравоени сили во Судан

Картум, 6 декември 2025 (МИА) – Најмалку 50 лица, меѓу кои 33 деца, загинаа во напад на суданските паравоени сили врз градинка во градот Калоги, во државата Јужен Кордофан, соопштија здравствените власти.

Според соопштението објавено доцна синоќа, ова бил „втор неочекуван напад“ со дрон во градот.

Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем, но прекинот на комуникацијата во таа област го отежнува известувањето.

Нападот се случи во екот на борбите меѓу паравоената група Сили за брза поддршка и суданската армија, кои се во војна повеќе од две години. Борбите во последно време се концентрирани во државите Кордофан, богати со нафта. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR