• e enjte, 26 mars 2026

Отворен ден со Царинската управа денеска во Куманово

Отворен ден со Царинската управа денеска во Куманово

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Во пресрет на одбележувањето на 14 Април - Денот на Царинската управа ќе бидат организирани настани „Отворен ден со Царинската управа“.  Првиот настан ќе се одржи денеска од 10 до 13 часот на градскиот плоштад во Куманово.

Царинската управа соопшти дека целта на настаните е да ја подигнат свеста кај граѓаните за улогата што оваа институција ја има во заштитата на економијата и безбедноста на државата.

-Посетителите ќе имаат можност одблизу да се запознаат со различните задачи кои ги извршуваат нашите мобилни царински тимови, како и опремата што ја користат во секојдневната работа. Програмата опфаќа демонстрирање на вештините на царинските кучиња, како и претставување на специјализираната опрема, вклучувајќи скенер за товарни возила, којашто се користи за откривање стоки што се предмет на криумчарење, се наведува во соопштението на Царинската управа. хс/ац/

Фото: МИА архива 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR