Започнува кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“
- Кампањата има за цел да оддаде признание на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, како и да овозможи помош и промени во животите на децата на кои тоа им е најпотребно.
Скопје, 29 декември 2024 (МИА) - Националната кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“ ќе започне денеска со почеток во 11 часот во ВЕРО Центар.
Кампањата има за цел да оддаде признание на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, како и да овозможи помош и промени во животите на децата на кои тоа им е најпотребно.
На настанот ќе присуствуваат Ѓоко Велковски, заменик-министер за труд и социјална политика и Петар Денковски, директор на ВЕРО.
Кампањата се спроведува под платформата „ВЕРО за тебе“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика. ар/ев/
Фото:МИА архива