• e enjte, 26 mars 2026

Безбедносна дебата за радикализацијата и глобалните конфликти во организација на МЗМП

Безбедносна дебата за радикализацијата и глобалните конфликти во организација на МЗМП

Скопје, 25 март 2026 (МИА) – Македонското здружение на млади правници денеска во Скопје организира настан посветен на безбедносните ризици од радикализацијата и насилниот екстремизам во контекст на актуелните геополитички тензии и дигиталните закани.

Настанот „Градење на инклузивни и отпорни заедници – од резултати кон одржливи политики“ ќе се одржи во хотел „Мериот“ со почеток во 10 часот, соопшти МЗМП.

Според најавата, настанот „Градење на инклузивни и отпорни заедници – од резултати кон одржливи политики“ ќе се одржи во хотел „Мериот“ и ќе обедини претставници од институциите, безбедносниот сектор, академската заедница и граѓанските организации.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат влијанието на глобалните конфликти врз радикализацијата и безбедноста во регионот, хибридните закани и повратниците, како и онлајн радикализацијата и улогата на дигиталниот простор.

Изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на настанот, во периодот од 9:45 до 10 часот.

Настанот се организира во рамки на проектот „Градење на инклузивни и отпорни заедници“, со поддршка на Global Community Engagement and Resilience Fund (GCERF). ра/ац/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR