• e premte, 03 prill 2026

Консолидацијата на земјиштето во фокусот на денешниот настан во Стопанската комора

Консолидацијата на земјиштето во фокусот на денешниот настан во Стопанската комора

Скопје, 3 април 2026 (МИА) - Настан „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во Стопанската комора.

Како што соопштуваат од Стопанската комора, на настанот ќе се разговара за значењето на консолидацијата на земјиштето како клучна земјишна реформа за модернизација на земјоделството, зголемување на продуктивноста и поттикнување инвестиции во агробизнисот.

Официјални обраќања ќе имаат министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, Мортен Хартвигсен од ФАО (видео-обраќање) и Кристина Митиќ Арсова од ФАО.

Целта, како што дополнуваат, е да се поттикне дијалог и партнерства меѓу приватниот сектор, институциите, локалната самоуправа и академската заедница.ар/са/

Фото:МИА архива 

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR