Намален бројот на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари на 65 во март
- Во март 2026 година до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се 65 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 22 приговора од правни лица и 43 од физички лица. Доколку се земе споредбено со претходниот месец, во февруари беа поднесени вкупно 476 приговори, односно 431 приговор од правни лица и 45 од физички лица. Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, што е зголемување во однос на февруари кога се регистрирани 19.066.
You need to login to view this page