• e hënë, 07 tetor 2024

Монако има најдобар резултат во последните 65 години

Монако има најдобар резултат во последните 65 години

Рен, 6 октомври 2024 (МИА) – Тимот на Монако синоќа го победи Рен на гостински терен со 2:1 во натпреварот од 7. коло на Францускиот фудбалски шампионат.

По оваа победа, фудбалерите од Монте Карло стигнаа до 19 бода по 7 кола од Лига 1 со биланс - шест победи и еден нерешен резултат. Ова остварување е второ во историјата на клубот. 

Најдобриот резултат на Монако по првите седум кола од шампионатот беше максимални 21 бод во сезоната 1960/61. Тогаш тимот стана шампион на Франција.

По мечот со Рен, Монако се искачи на првото место во поредокот во Лига 1, пред ПСЖ кој има 16 бодови и еден натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR