• e martë, 31 dhjetor 2024

Мицкоски: СДСМ нанесоа многу болка на Македонците, тоа нема да им биде простено со децении ниту заборавено

Мицкоски: СДСМ нанесоа многу болка на Македонците, тоа нема да им биде простено со децении ниту заборавено

Скопје, 29 декември 2024

На вечерниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, гостуваше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се осврна на последиците од политиките на СДС и нагласи дека тие нанесоа длабоки рани и болка на македонскиот народ. Мицкоски додаде и дека дејствата на СДС нема да бидат заборавени ниту простени со децении. Според него тоа беа тешки времиња за Македонија како држава полни со криминал, а посочи и дека Македонија беше раководена од ,,национално исплакнати луѓе“ кои не го ценеа идентитетот на Македонците.

„Тоа беа тешки времиња за ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ е помалку важно во случајот, поважна е Македонија. Прво, беа тешки за Македонија како држава. Времиња во кои криминалот царуваше, не само политичкиот, туку и на улиците. Времиња во кои државата ја раководеа луѓе кои за идентитетските прашања гледаа со потсмев, за нив ништо тоа не значеше“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски продолжи со критика на СДС, нагласувајќи дека оваа партија, иако била дел од коалицијата, е одговорна за големите проблеми што ги имала земјата. Мицкоски истакна дека овие политики им донеле многу штета на македонскиот народ и ќе останат трајно запишани како нешто што не може да биде простено.

„Тука пред се зборувам за поголемата партија во владата на СДСМ, иако тие функционираа како малцинска, но зборувам по бројки, во секој случај тие беа поголема партија. Од оваа перспектива денеска ако ги гледаме работите, покрај сите оние лоши работи кои што ги направија додека беа на власт, јас бев отприлика 6 години откако тие беа влада, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај сето тоа што го направија тие генерално најмногу себеси си направија лошо поради политиките кои што ги водеа. Сега тие се перцепирани од страна на јавноста како луѓе кои што го изгубиле угледот, почитта и кредибилитетот што го имаа“, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи и дека поранешната власт е често предмет на критики од јавноста, а граѓаните не ги забораваат нивните дејства.

„Честопати претпоставувам се сведоци на непријатни ситуации додека одат по улиците, додека се во друштво на луѓе, се предмет на критика. Слушаат дека сето тоа кое што го работеле било погрешно и дека не требало така да го прават сето тоа“, додаде Мицкоски.

Мицкоски истакна и дека не само што СДС си направија голема штета себеси, туку и на Македонија како татковина. Тој е уверен дека тоа нема да биде заборавено.

„Но тоа што она што тие себе си си го направија и на Македонија како нивна татковина е нешто кое што мислам дека децении ќе биде незаборавено и нема да им биде простено од граѓаните, пред се од Македонците бидејки нанесоа многу болка на Македонците. Мислејќи дека се национално исплакнати, мислејќи дека ќе водат таква би рекол квази политика нанесоа многу болка на граѓаните а пред се на македонскиот народ и тоа нема да им биде простено, верувајте, и тоа нема да им биде простено со децении, ниту пак заборавено.“, заклучи Мицкоски.

Тој објасни дека и покрај девалвирањето на името на партијата, и покрај бројните омаловажувања ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане структура од македонскиот идентитет.  

„Сите ја потценија моќта на ВМРО како организација колку и да сакаат да го девалвираат па често пати насловуваат како ДПМНЕ не како ВМРО-ДПМНЕ колку и да сакаат да не омаловажуваат колку и да сакаат да направат зло сепак ова е структура која што е дел од македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Мицкоски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и дека тој корен лесно не се корнее, не се уништува.

„Сакале да признаат или не ВМРО-ДПМНЕ и историското ВМРО се дел од македонскиот идентитет и туку така лесно тој корен не се корнее тој корен не се уништува тој корен има длабоки корења и јас ја имам таа чест да ја водам оваа организација и оваа структура“, вели Мицкоски.

Премиерот нагласи дека од аспект на неговите животни гледања неговите амбиции и желби се исполнети и реализирани и како единствена обврска која му преостанува е да го подобри животот на граѓаните во Република Македонија и потенцираше дека го вложува секој атом од својата енергија за успешно справување со дадените предизвици заедно со своите соработници.

„И често пати кога ме прашуваат што понатаму јас често пати велам ако гледаме од оптиката на личните професионални амбиции јас реално немам за што повеќе да живеам, ја предводам најголемата во историска смисла организација на Балканот, ја предводам Владата како предводник на најголемата во историска смисла организација на Балканот и сум редовен професор. Генерално сите оние моменти сите тие амбиции кои што сум ги имал како човек се реализирани сега единствениот мој мотив се да овие 100 илјади човечки животи и нивните судбини се обидеме преку алатките кои што ги имаме на располагање да ги направиме поубави и давам се од себе тоа да го правам“ објасни Мицкоски кој укажа „јас во овој момент го вложувам секој атом од својата енергија и знам дека тоа го прават моите соработници и знам која е нивната инспирација така што накратко поминавме многу тешки работи но победивме“, заклучи Мицкоски.

За последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата рече дека како политичка партија генерално најмалку 2 пати, а некогаш и 3 пати месечно го мерат јавното мислење. 

„Најмалку еднаш месечно телефонски го мериме тоа јавно мислење, нормално на стратифициран кредибилен пример користиме услуги на надворешни агенции. Најмалку еднаш месечно имаме и теренска анкета исто така стратифицирана за која исто така користиме надворешни услуги. Реално во декември месец кога би се споредил оној период од нова Влада можеби за нас е месец кога го имаме историски најсилниот пик како политичка партија“, истакна Премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен Македонија повторно твоја.

Мицкоски потенцираше дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е повеќе од 3 пати.

„Последната теренска анкета која ја правеше за нас агенцијата ИПСОС, агенцијата со која имаме долгогодишен договор и оваа теренска анкета на агенцијата ИПСОС покажува навистина драматични разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се движи помеѓу 30-31%, СДСМ е помеѓу 8,5-9% отприлика таа е разликата и динамиката со која се формира разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ таа е повеќе од 3 пати, 30-31% наспроти 8,5-9% каде што се движи СДСМ и таа доверба од граѓаните тие нас не обврзува и таа треба да ја оправдаме“, заклучи Мицкоски.

Порача дека во ЕУ се оди со реформи и развој, а не со билатерализација на процесот како што некој наметна

„Ова е Влада која главен фокус во своето делување ќе го има на полето на реформите, тука пред се мислам на економските реформи, но и структурните реформи во општеството она што го зборувавме правдата, владеење на правото нешто кое е многу важно, да нема повеќе неказнивост или политички амнестирани лица зад завесата туку секој да биде отчетен за тоа што го сторил пред граѓаните, а што се однесува до националните атрибути ние не сме националисти туку едноставно патриоти луѓе кои си ја љубат државата и својот народ и својата нација“, истакна премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Тука немаме намера да правиме компромиси кои ќе значат уште еден удар врз нашиот македонски идентитет, македонскиот народ и нација. Премногу работи проголтавме издигестиравме овие повеќе од 3 децении независност и сега конечно треба да се посветиме на работи кои ќе не мерат по тоа што сме направиле. Ние во моментот како економија, реформска влада и сето она што го правиме сме рамо до рамо со земјите членки на ЕУ или според параметрите на најбрзо растечки економии во третиот па сега во четвртиот квартал би биле во тие 5-6 држави и тоа го правиме без да сме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека Македонија не е дел од ЕУ поради наметната билатеризација на процесот.

„Замислете да сме дел од ЕУ? Ние не сме дел затоа што некој го билатеризираше процесот, односно билатералните прашања се наш критериум а не по тоа што испорачуваме, колку реализираме од реформите или сите оние точки кои се дел од преговарачкиот процес значи ние секогаш треба да испорачаме нешто што нема врска со европските вредности“, заклучи Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

QËNDRONI TË LIDHUR