Мицевски: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминативе 7 години резултираше со ставање на првиот оперативец на ДУИ на црна листа
- Мицевски образложи за начинот на функционирање на ДУИ во минатото, ја нагласи нивната несериозност како и штетите кои ги нанесоа на државата, исклучиво на штета на граѓаните.
Скопје, 22 декември 2024
„Прво системско решавање на судството и обвинителството, затоа што клучот на сите проблеми е таму. Нерешавање на проблемите, односно наталожени проблеми, односно извлекување со неказнивост на голем дел на функционери, за коишто во мал број од нив беше покрената одредена иницијатива во судството, а преку обвинителството и нивното извлекување без неказнивост донесе до резултатите до којшто се наоѓаме“, оцени Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на пратеничка група во Собрание во вечерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ .
Мицевски дополнително ја потсети јавноста дека она што во минатото ВМРО-ДПМНЕ гласно го укажувала, денес потврда за истото е и ставањето на Артан Груби на црна листа на Стејт департментот на САД.
„Второ, немиот посматрач на сите овие активности, а главен протежер за добивање на власта, Социјалдемократскиот сојуз како партнер во криминалот, заедно со ДУИ не доведоа до оваа ситуација. Имено, она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминативе 7 години и за коешто гласно укажувавме дека се прави минатиот период. Преку црните листи на Стејт департментот на САД, а и преку изјави на голем број на меѓународни претставници дојде до финална фаза односно реализација. Ставање на првиот оперативец на ДУИ на црна листа“, објасни Мицевски.
Мицевски образложи за начинот на функционирање на ДУИ во минатото, ја нагласи нивната несериозност како и штетите кои ги нанесоа на државата, исклучиво на штета на граѓаните.
„Секако да не го заборавиме фудбалскиот тим на ДУИ којшто ја клекна државата, а истите тие баскетџии коишто ги гледавме на дневна основа, наместо да се занимаваат со проблемите на граѓаните излегуваа со различни снимки со коишто ги потценуваа не само македонските, туку и албанските граѓани“, дециден е Мицевски.
Мицевски напомена дека истите тие кои ги направија огромните криминали, денес се обидуваат да предизвикуваат непостоечки проблеми, со крајна цел, а тоа е дефокус на јавноста. Дополнително Мицевски разјасни дека најважна националност е човечноста и чесна работа. Искоренување на злоупотреба на државни институции и позиции којшто истите ги имаат.
„Сега во ситуација кога директно е покажано дека криминалот и корупцијата потекнуваат од нивните редови и тие треба да бидат цел на понатамошни истраги на институциите коишто се занимаваат со тоа. Истите креираат меѓунационални теми, се повикуваат и измислуваат непотоечки пролеми за да успеат да дефокусираат и да го свртат вниманието на целокупната јавност на сите криминали којшто тие ги правеле во изминатиот период“, заклучи Мицевски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ