Министерот Сали во официјална посета на Украина, ќе оствари средби со високи претставници за европска интеграција
- - Посетата има цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина, информираат од Министерството за европски прашања.
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
Во рамките на посетата, министерот Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции, задолжени за европската и евро-атлантската интеграција.
- Посетата има цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина - информираат од Министерството за европски прашања. мч/лв/
фото: МИА архива