Министерот Муцунски во работна посета на Полска
- -Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, особено економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови полски инвестиции, како и реафирмирањето на полската поддршка за македонската интеграција во Европската Унија. Воедно, ќе бидат разменети мислења за клучни регионални, европски, глобални и безбедносни прашања, информира Министерството.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 19:45, 24 mars, 2026
Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна посета на Република Полска.
Како што информира МНРиНТ, посетата е на покана од заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски.
-Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, особено економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови полски инвестиции, како и реафирмирањето на полската поддршка за македонската интеграција во Европската Унија. Воедно, ќе бидат разменети мислења за клучни регионални, европски, глобални и безбедносни прашања, информира Министерството.
Во рамки на посетата е предвидена тет-а-тет средба на двајцата министри, по што ќе следува пленарна средба на двете делегации, проследена со заедничка прес-конференција. хс/вј/
Фото: МИА архива