Министерот Муцунски во Вашингтон – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции во фокусот на посетата
- Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и лица вклучени во транзицискиот тим на Претседателот Трамп. Дополнително, тој имал средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот, стои во соопштението.
Скопје, 22 декември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, САД. Посетата, како што соопшти Министерството, претставува значаен чекор кон продлабочување на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт Департментот, Брендон Јодер, потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и лица вклучени во транзицискиот тим на Претседателот Трамп. Дополнително, тој имал средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот, стои во соопштението.
Фокусот на политичките средби бил ставен на унапредување на билатералната соработка, заедничките заложби за глобалната безбедност и трансатлантската соработка.
Во разговорите со бизнис заедницата, акцентот бил ставен на преставување на можностите за инвестирање во државата и зајакнување на трговските врски помеѓу двете земји, додаваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. нд/
Фото: МИА архива