МИА Најави – свет
- Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на ропството и трансатлантската трговија со робови
- Post By Јасмина Тасевска
- 21:54, 24 mars, 2026
25 Март 2026
Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на ропството и трансатлантската трговија со робови
Брисел – Почнува дводневна мини-пленарна сесија на Европскиот парламент, каде што пратениците ќе дискутираат за резултатите од минатонеделниот самит на ЕУ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Мадрид – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ќе зборува во Парламентот за војната на Блискиот Исток.
Париз – Во францускиот парламент, дискусија за кризата на Блискиот Исток.
Париз – Онлајн конференција на Францускиот институт „Жак Делор“ за односите со Германија „Одговор на предизвиците на нашето време на француски и германски начин: Илузија?“