• e martë, 12 nëntor 2024

Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024” во општина Илинден

Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024” во општина Илинден

Скопје, 9 ноември 2024 

Центарот на спортските случувања денес е во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 13. традиционален Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа над 250 борци, 17 клубови и тоа од Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија, Австрија и се разбира од Македонија.

На 13. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024” градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, а од страна на Македонската џиу џица федерација им беа доделени плакети за особен придонес во развојот на џиу џица спортот.

Градоначалникот Георгиевски се обрати и ги поздрави присутните, пришто истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа е одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина. Со оглед на фактот дека овој турнир по трет пат се одржува во нашата општина, тоа е доказ дека Општина Илинден се покажа како добар домаќин за спортските натпревари.

Турнирот беше во три дисциплини во детски и во возрасни категории, машка и женска конкуренција. Натпреварите течат во најдобар ред во позитивен спорски дух, а љубителите на овој спорт имаат можност да ги погледнат динамичните борби, дуо-систем што значи презентација на техники за самоодбрана како и неваза-бразилска џиу-џица.

Општина Илинден

фото Општина Илинден 

QËNDRONI TË LIDHUR