• e hënë, 07 tetor 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - На 05.10.2024 во 03.30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.К.(51) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што при преглед во неговото патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени бела прашкаста материја и стаклен предмет. Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци  бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, стаклен предмет со остатоци од бела прашкаста материја и  дигитална вага. По документирање на настанот против Л.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.10.2024 во 23.10 часот на улица „Иво Лола Рибар" полициски службеници од СВР Тетово- Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, го лишиле од слобода М.Ш. (24) од с.Нераште, тетовско. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.С.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.08.2024 во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген поло“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ш.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2024 на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што бил пронајден и одземен кокаин.

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар. Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (06.10.2024) во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека на 05.10.2024 околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (06.10.2024) во 02.00 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Т.(23) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Стрмош, патничко возило „опел антара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пробиштип, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

На 05.10.2024 во 08.53 часот во СВР Штип, било пријавено дека во Штип, на 04/05.10.2024, непознат сторител оштетил влезна дрвена врата од црквата „Цар Константин и царица Елена“ и скршил стакло од прозорец на помошна просторија, но не одзел ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.10.2024 во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 На 05.10.2024 во 08.41 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Нерези, скопско на паркинг простор било опожарено патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. од с.Нерези. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. миа/миа/

фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR