• e enjte, 05 shkurt 2026

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Д.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.01.2026 на ул.„Качанички пат“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и на патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.П.(36) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 11.07.2025 на Граничен премин Табановце, пријавениот допатувал со патничко возило „волво” со приклучна приколка, а по извршени проверки е утврдено дека британските регистарските таблички од приколката биле издадени за друго патничко возило „волво” и на друго име.

На 03/04.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Л.(24), А.А.(32), А.А.(38), Д.И.(18), А.М.(35), 17-годишник и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје и А.К.(45) од с.Морани, општина Студеничани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 03.02.2026 во 18:50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.Т.(57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека од продажен објект одзел мобилни телефони.  Подоцна, во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода и И.Г.(40) и Д.М.(26), двајцата од Тетово. Тие биле пријавени од И.Т. дека во периодот од 18:00 до 19:00 часот на ул.„Илинденска“, по претходна расправија за мобилни телефони, физички го нападнале. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 03.02.2026 околу 10:55 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во с.Љубодраг, Кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, Кумановско и патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(51) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, Кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот на патничкото возило „шкода“, М.А. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2026 во 12:45 часот, при контрола во патниот сообраќај, на улица „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(49) од Битола. При тоа, било констатирано дека Љ.С. го управувал возилото иако имал изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

На 03.02.2026 во 10:50 часот, при сообраќајна контрола на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(26) од с.Белчишта, општина Дебрца.  Притоа, било констатирано дека Ѓ.Г. го управувал возилото иако имал изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

На 03.02.2026 во 11:30 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(42) од с.Лазоровци, Кичевско. Притоа, било констатирано дека А.М. го управувал возилото иако имал изречено две мерки - забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки од јавен обвинител, возилата се одземени и по целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.02.2026 во 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Т.Т.(34) и 29-годишната С.Т., двајцата од Неготино. При претрес, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, во домот на Т.Т., биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, шприц со течност и пари. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.02.2026 во 13:50 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода А.М.(23) и С.М.(47), двајцата од Велес. Тие се сомничат дека на неколку локации во Велес извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и  се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настаните, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 03.02.2026 во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна велешанка пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра.  Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 03.02.2026 во 22:33 часот во СВР Скопје 49-годишен маж од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар пред влезната врата од неговиот стан. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од пријавителот и неговиот сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.02.2026 околу 20:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријави дека во домот на нејзиниот партнер Љ.З., на подрачјето на Кисела Вода, тој и го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и со употреба на остар предмет и упатил закани, а подоцна во дворот со тврд предмет и го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.02.2026 во 22:35 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.М.(23) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR